еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Демократски сојуз бара да се прекинат активностите за проширување на парламентарното мнозинство

Демократскиот сојуз смета дека идејата за зголемување на парламентарното мнозинство, дополнително ќе го засили незадоволството кај граѓаните, дека ќе се заострат меѓуетничките тензии и сериозно ќе се нарушат уставните принципи за соодветна и правична застапеност на етничките заедници во власта.

„Инаку, и со сегашната композиција на Владата, прекршени се основните решенија од Охридскиот рамковен договор, како и нормите “Бадентер” и “Балансер”, произлезени од истиот.

Доколку сакаме функционални институции, приоритетни услови за раководни функции во власта, мора да бидат стручноста, професионалноста, личниот интегритет и отпорноста од партиски и криминални влијанија.

Партизацијата и етничкиот клуч, ги блокираа и ги криминализираа институциите. Ставот на Демократскиот сојуз е наместо сегашните преговори за приклучување на Алијанса за Албанците во власта, СДСМ, а особено ДУИ, итно да ги консолидираат внатрепартиските состојби за да се продолжи со реформите, посебно во правосудниот систем и да се отпочне со силна и неселективна борба против корупцијата.

Во скрининг процесот да се вклучат сите креативни потенцијали, а Парламентот континуирано да биде информиран,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека наместо граѓаните и партиите да се делат на поддржувачи и противници на ЕУ и да се најавуваат некакви нови сојузи, да се подвиткаат ракавите и да се работи на конкретни проекти, а не на сеење магла и продавање демагогија.

„Незадоволството, загриженоста и разочараноста од вкупните состојби во државата секојдневно се зголемуваат, поради што неопходни се промени, но и јакнење на одговорноста. Граѓаните очекуваат единство и сплотеност, како и заштита на стратешките и националните интереси,“ велат од Демократски сојуз.

Фото: ДС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Божиќна пештера поставена на Плоштадот во Скопје, минувачите воодушевени

Редакција

Пет најниско платени професии: Сонуваат за просечна плата

Редакција

Случајот „Плацови на Водно“ продолжува со сослушување на сведоци

Редакција