еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Демократски сојуз за бугарскиот клуб во Охрид: Македонија не смее да биде место за промоција на фашизмот

Демократскиот сојуз најостро осудува формирање здруженија на граѓани преку кои се враќа и афирмира фашизмот на територијата на Македонија, информираат од партијата.

„Уставно право и слобода е граѓаните, без разлика на нивната етничка, верска или партиска припадност, да се здружуваат за афирмација на културни, идентитетски, јазични и други обележја, но не смее да се регистрираат здруженија со имиња на познати фашисти, сојузници на Третиот рајх, соработници на Хитлер и негатори и асимилатори на македонскиот народ, како што се Цар Борис Трети и Иван Михајлов.

Не сме против афирмација на националните обележја на Бугарите во Македонија, но не е случајно што тоа се прави со здруженија кои носат имиња на фашисти, поради што со право ќе не третираат како држава која доживува повампирување на фашизмот.

Цар Борис Трети е водач на фашистичката армија која ја окупира Македонија и познат е како „Цар Обединител“ на Бугарија, чија окупаторска власт врши злосторства и со терор спроведува процес на бугаризација на Македонците за време на Втората светска војна. Оттаму, со афирмацијата на неговото име се промовираат територијални претензии кон Македонија и се навредуваат чувствата на Македонците.

Со понижување на Македонците, Евреите, Ромите и сите други слободољубиви граѓани кои страдаа за време на фашистичката окупација во логорите на смртта во Треблинка или во затворите и полициските участоци, не може да се градат добрососедски односи помеѓу Бугарија и Македонија.

Демократскиот сојуз со индигнација ја отфрла и изјавата на Министерството за надворешни работи, која ниту е европска, ниту пак значи афирмација на човековите права и слободи со формирање здруженија со имиња на фашисти и непријатели на македонскиот народ.

Демократскиот сојуз повикува на одговорно, разумно и државничко однесување на Владата во целина и на министрите“, велат од партијата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седиштето на бугарскиот клуб во Охрид веднаш до куќата каде Колишевски е осуден на смрт

(Видео) И во кафана се славеше отварањето на бугарскиот клуб во Охрид

(Видео) Јајца и камења за новиот бугарски клуб во Охрид, спречен инцидент

Фото: Демократски сојуз

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ склучи договор со “Марковски компани Борче“ вреден 2,5 милиони евра

Редакција

Се уште не се знае кога ќе се отвори границата со Србија

Редакција

Ќе останат ли Скопјани без јавен превоз: Арсовска вели дека Владата има долг кон ЈСП, од таму демантираат

Редакција