Триесет и шестото издание на Фестивалот на музика „Макфест“ ќе се одржи денеска и утре.
Првата вечер е посветена на изведувачи кои првпат се појавуваат на сцената на „Макфест“, додека втората е замислена како финале.
Денеска фстивалската програма ќе ја отвори, Калина Велковска со изведбата на композицијата „Четири“ .
Според годинешниве правила петте најдобри композиции се пласираат во финалето за следната вечер.
Во втората вечер ќе настапат неколкукратнaта победничка на „Макфест“, Александра Јанева, Мартинијан Кириловски, потоа Роберт Билбилов, Ѓоко Таневски, Интервали, Лара, Пепа, Eye Cue и други.
На 17-ти настапуваат „Тумбао салса бенд“, а на 18-ти Александар Митевск и Драган Спасов – Дац, заедно со “Brasstet Skopje”.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.