еМагазин
Image default
Македонија

Пристигна донацијата од над 50.000 вакцини „Фајзер“ од Бугарија, чиј рок истекува на 30 септември

Северна Македонија вчера ја прими донацијата од над 50.000 вакцини „Фајзер“ од Бугарија, напиша утрово на Твитер шефот на дипломатијата Бујар Османи.

– Вакцините веќе се дистрибуирани и подготвени да се употребат. Важен гест на пријателство и солидарност, напиша Османи.

Рокот на вакцините истекува на 30 септември, а од Министерството за здравство неодамна посочија дека истите ќе бидат аплицирани пред нивниот рок да истече.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија ќе ни донира вакцини од „Фајзер“ чиј рок истекува на 30 септември

Сите вакцини од Бугарија ќе ги аплицираме пред истекување на рокот на употреба, велат од Министерството за здравство

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јотова, Петков и Генчовска во Битола: Поддршка за Бугарите во Македонија за тие да бидат впишани во Уставот

Редакција

Владата одлучи организираниот превоз во Скопје и тетовско да се врати во нормала

Редакција

(Галерија) Приведени тројца повратници на ИСИС кои во Македонија планирале терористички напади

Редакција