еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска променливо облачно и дождливо време

Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен, а во источните делови и долж Повардарието засилен, повремено силен ветер од југоисточен правец (70 км/ч.), најавуваат од Управата за хидрометеролошки работи.

Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 20л/м2). На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во среда ќе има повремен локален дожд, а од четврток ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури и со услови за појава на магла по одделни котлини.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прашалник за родителите за влијанието на пандемијата со Ковид-19 врз образовниот процес

Редакција

Велик Понеделник: Од денеска почнува Страсната седмица

Редакција

Богослужбата за Велигден во Св.Јован Бигорски верниците ќе може да ја следат во дворот на манастирот, нема да се пренесува на социјални мрежи

Редакција