Денеска времето ќе биде сончево и малку потопло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 26 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 24 степени.
Во понеделник попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи на повеќе места, а од вторник следува период на променливо облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд кои во вторник, кога ќе преовладува облачно време, ќе бидат пообилни.
Фото: Град Скопје