еМагазин
Image default
Македонија

Заедничка молитва за мир во Украина денеска во храмовите и џамиите на МПЦ, ИВЗ и Католичката црква

Трите најголеми верски заедници во земјава, Македонска Православна црква, Исламската верска заедница и Македонска Католичка црква, денеска на територијата на целата држава ќе одржат верски обреди посветени на мир во Украина и во целиот свет.

Поточно, како што информираат од Здружението на Украинци во Северна Македонија, во градските и приградските храмови на МПЦ веднаш по светата литургија ќе биде отслужен молебен за мир во Украина и воопшто во целиот свет.

Исто така, Исламската Верска заедница денеска една од петте молитви во џамиите низ целата земја ќе ја посвети за мир во Украина, а во Македонската Католичка црква ќе се одржи миса за мир во Украина.

Од Здружението на Украинци во Северна Македонија ги повикуваат и другите верски заедници во државата да се придружат до иницијативата за одржување молитва за мир во Украина на истиот ден на територијата на целата земја. Сите верници се повикуваат да се придружат на оваа заедничка молитва за мир, благосостојба и хармонија.

-Сметаме дека на таков чин нашата држава ќе прати силна порака за заложба на што поскоро прекинување на војната во Украина и мир во целиот свет, се вели во соопштението на Здружението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фетаи и Тупанчевски на свој трошок го следеле фудбалскиот натпревар на македонската репрезентација во Палермо

Редакција

Нашата европска интеграција е заложник на Бугарија и на зборување за историја, што гледам дека сите земји од ЕУ го одобруваат, вели Ковачевски

Редакција

Судење за насилството во Собрание: Заштитениот сведок шест часа одговараше на прашањата на одбраната

Редакција