еМагазин
Забава

Денеска започнува „Skopje Wine Expo”: Ксмет оркестар, Петреска, Пупиноски, Брас Брадрс и Тропико ќе настапат вечерва

Од денес, па се до сабота (28.09), во Скопје традиционално ќе се одржи винскиот фестивал Skopje Wine Expo. Фестивалските врати ќе бидат отворени од 18:00, кога и ќе започне музичката програма.

Во текот на трите фестивалски денови, посетителите ќе имаат можност да дегустираат врвни вина од најпознатите македонски винарии, вински коктели како сангриа и вино мохито, деликатеси и гурмански специјалитети. На фестивалот, ќе може да се купат чаши за дегустација на вино, а влезот ќе биде бесплатен.

На првиот фестивалски ден ќе настапат Ксмет оркестар, доајените Блага Петреска и Ефто Пупиноски, брас сензацијата Брас Брадерс и српскиот поп бенд Тропико.

Вториот фестивалски ден ќе го отворат Либеро Бенд во 18:00, а по нив следуваат настапите на гостите од Бугарија, Графа и Криско.

Во 21:15, концерт ќе има македонската група Нокаут, а крајот е резервиран за Слаткаристика и Дј Оки Доки. На затворањето на фестивалот во сабота ќе настапат Амон Мра Бенд, проектот Тоше Проески Трибјут со Александра Јанева и Марко Логаут, со кој ќе  биде оддадена почит на нашата најголемата музичка ѕвезда, потоа следува рок групата Ареа и за крај ги слушаме најголемите хитови на Бијело Дугме со real tribute проектот од Србија.

Фестивалот е под покровителство на град Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Нова песна од Калиопи – „Кад осване“

Редакција

Божиќен концерт на 6. јануари на плоштад „Македонија“ во Скопје

Редакција

Петиции за и против Гарванлиев да не преставува на Евровизија: Која собра повеќе потписи

Редакција