еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Денови на Италија во „Тинекс“: Промоција на 77 врвни италијански брендови

Канцеларијата на ИТА Скопје – Одделот за промоција на економската соработка при Амбасадата на Италија во соработка со Тинекс маркетите традиционално по шести пат организира промоција на италијански прехранбени производи и пијалаци, од 27 октомври до 7 ноември  во 15 маркети на Тинекс, од кои 11 во Скопје а останатите во Куманово, Битола, Охрид и Струмица.

Во промоцијата е вклучена и on line продажбата e-tinex.

Под логото The Extraordinary Italian Taste ќе бидат промовирани 77 врвни италијански брендови со околу 1.000 прехранбени производи и вина кои ќе можат да ги задоволат различните вкусови на потрошувачите. За секоја сметка од најмалку 1.000 денари од производите вклучени во промоцијата купувачите ќе добијат подарок.

Промотивните и маркетинг активности имаат за цел зајакнување на имиџот на италијанските прехранбени производи и вина, приближување до купувачот, како и овозможување на влез на нови италијански производи и вина и нивно позиционирање на пазарот.

Македонија е нето увозник на прехранбени производи: увозот на прехранбени производи и пијалоци за потрошувачка во 2020 година изнесува 664,5 милиони евра (-0,93% во однос на 2019 година). Во структурата на македонскиот увоз на прехранбени и пијалоци за 2020 година, преовладуваат (по редослед на важност): месо и месни производи (134 милиони евра), овошје и зеленчук (101 милиони евра), житарки и препарати од житарки (96,7 милиони евра), кафе, чај и зачини (82 милиони евра) и пијалоци и тутун (84,8 милиони евра).

Побарувачката за италијански прехранбени производи во Македонија постојано расте, вредноста на увозот е удвоен во последните 5 години. Увозот на производи за храна и пијалоци од Италија во 2020 година изнесува 22 милиони евра. Во структурата  на увозот преовладуваат кафе, чај и зачини, пекарски и скробни производи, животински или растителни масти и масла, месо и производи од месо, млеко и млечни производи, пијалоци, оцет, масло, какао и неговите преработки.

Во 2020 година Италија го зазема седмото место на рангирањето на трговски партнери на Македонија со учество од 3,6%, трговска размена во вредност од 481,9 милиони евра.

ПР-ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Специјалната награда на жирито за филмот „Сестри“ на Дина Дума во Карлови Вари

Редакција

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ „Браво Сине“ и Арс ламина“ ќе ја промовираат новата книга „Бајки од Македонија за цела година“

Редакција

(Галерија) 150 учесници уживаа во убавините на Вевчани со Мапа на културата

Редакција