еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 400 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 400 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 34 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 21 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болни, а во Куманово 61 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 47 во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 27 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 31 пациент, во Кочани 9 во Кичево 16, Кавадарци 21, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 8 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 700 и има околу 560 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цела листа: Кои се новите претседатели на општинските организации на СДСМ

Редакција

Убава вест: 249 оздравени од Ковид-19

Редакција

Убава вест: Оздравени 152 пациенти заразени со Ковид-19

Редакција