еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 519 пациенти болни суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 519 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 20 пациент, во Велес се лекуваат 25 болни, а во Куманово 80 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 69 во ковид центарот во Гостивар 27, а во Струга 30 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 49 пациент, во Кочани 18 во Кичево 10, Кавадарци 27, во Гевгелија 11 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 889 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид центрите,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состoјбата со Ковид-19 по скопските општини: Најмногу активни случаи во Аеродром, Карпош и Центар

Редакција

Активни пожарите кај Раовиќ и Ракле, локализиран пожарот над Патишка река

Редакција

Шврговски: Казната за Мијалков е драконска, ќе се жалиме и за пресудата и за притворот

Редакција