еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 598 пациенти болни и суспектени на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 598 пациенти позитивен и суспектен на коронвирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 40 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти.

На  инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болни, а во Куманово 95 пациенти позитивни и суспектни  на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 70 во ковид центарот во Гостивар 39, а во Струга 36 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 53 пациент, во Кочани 18 во Кичево 18, Кавадарци 30, во  Гевгелија 14 лица, а во Дебар 6 позитивни  и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 984 и има околу 320 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одложувањето на преговорите го зголемува евроскептицизмот и лошо се одразува на политичката состојба, рекоа Пендаровски и Рикер на средбата во Вила Билјана

Редакција

Началник во МВР сведочеше на судењето за „Монструм“, како сведок предложен и Миле Јанакиески

Редакција

Убава вест: 1.191 оздравени од Ковид-19

Редакција