еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Одложувањето на преговорите го зголемува евроскептицизмот и лошо се одразува на политичката состојба, рекоа Пендаровски и Рикер на средбата во Вила Билјана

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Вила Билјана во Охрид го прими Филип Рикер, вршител на должноста помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања.

На средбата било разговарано за остварувањето на надворешно-политичките приоритети на Македонија, за унапредување на односите со САД, за интеграцијата во ЕУ, како и за актуелните состојби во регионот.

„Соговорниците ги потврдија партнерските односи меѓу Република Северна Македонија и САД, одличната соработка и сојузништвото во рамки на НАТО Алијансата, како и подготвеноста за натамошно интензивирање на соработката во сите останати области,“ се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Претседателот Пендаровски истакнал дека Македонија и натаму останува посветена на реформските процеси, градењето на добрососедски односи и активно учествува во сите иницијативи во насока на унапредување на регионалната соработка.

„САД се наш долгогодишен сојузник и принципиелен поддржувач на реформите во областа на одбраната и безбедноста, владеењето на правото и независноста на судството, јавната администрација.

Остануваме посветени на зацврстување на стратешкото партнерство и поттикнување на уште подлабоки пријателски односи меѓу двете земји“, истакнал на средбата претседателот Пендаровски.

Претседателот посочил дека членството во ЕУ останува наша стратешка цел и дека Унијата мора да изнајде начин, да го вреднува досега сработеното и да овозможи дебоклокада на евроинтеграцискиот процес.

„Секое натамошно одложување на почетокот на преговорите го зголемува евроскептицизмот кај граѓаните, и негативно се одразува на политичките состојби во земјата“, додал претседателот Пендаровски на средбата со Рикер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ципрас од Охрид ја повика Бугарија да направи исчекор напред

САД стојат зад Македонија како сојузник и како пријател, порача Рикер на “Преспа форумот за дијалог“

Договорот од Преспа е фантастичен пример како се решават спорови, порачаа Хан и Могерини на „Преспа форумот за дијалог“

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НАТО не бара војна со Русија, Путин да ја повлече војската од Украина, порача Столтенберг

Редакција

Кој е Беким Сали од Алтернатива, можниот наследник на Венко Филипче

Редакција

(Видео) Нова песна на Бојана Скендеровски, „Лажни светови”

Редакција