еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 872 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 872 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информираат од Министерство за здравство.

„Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 63 болни, а во Куманово 114 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 130, во ковид центарот во Гостивар 62, а во Струга 43 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 71 пациент, во Кочани 17, во Кичево 20, Кавадарци 44, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на корона вирусот,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.348 и има околу 180 празни болнички кревети во ковид центрите.

На инфективните одделенија во Скопје се лекуваат вкупно 476 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

“Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород“, стои во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 245 болни од Ковид-19

Редакција

ДИК: СДСМ 36.78, ВМРО-ДПМНЕ 35.75, ДУИ 10.31, АА и А 8.13

Редакција

„Индискиот“ сој на Ковид-19 “пристигна“ во Македонија, детектиран кај лице кое се вратило од Ирак

Редакција