еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата по болниците низ Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 67 нови пациент поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.

„Вкупно 463 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центарот на ТОАРИЛУЦ, на Клиниката за Трауматологија.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 35 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 18 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле биле примени 2 нови пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 41 оздравен пациент.

Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ се лекуваат 221 пациент.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 74 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 129 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 35 пациенти.

На ГАК има 4 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Вкупно 463 пациенти потврдени и сомнителени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 50 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не се самоисклучивме од претседателството на партијата, туку го напуштивме состанокот, велат „огнените“ од ДУИ

Редакција

Нови 872 случаи на Ковид-19 од 3.394 тестирани

Редакција

Канческа Милевска координаторка на новоформираната независна пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието

Редакција