На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примен е 1 пациент. Вкупно се хоспитализирани 73 пациенти. На кислородна поддршка се 45, нема пациенти на механичка вентилација, информираат од Министерството за здравство.
“Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 6 позитивни деца, 4 мајки и 4 деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 40 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 10, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 111, позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: 81 оздравени од Ковид-19, најмногу од Скопје
Нови 131 случаи на Ковид-19, најмногу од Скопје, Куманово и Гостивар
Починаа уште 6 лица од Ковид-19 од Скопје, Прилеп, Охрид и Штип
Фото: МЗ