еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 820 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 71 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 37 пациенти, во Велес се лекуваат 69 болни, а во Куманово 100 пациенти позитивни и суспектни  на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 104 пациенти, во Прилеп 116, во ковид центарот во Гостивар 47, а во Струга 27 болни.

Во болницата во Струмица лежат 93 пацинети, во Кочани 30, во Кичево 21, Кавадарци 38, а во Гевгелија 8 лица позитивни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.258 и има колку 60 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

-Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, велат од Министерството за здравство.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бајруш Сејдиу останува на слобода, добил условен отпуст од 11 месеци

Редакција

Убава вест: Оздравени 784 болни од Ковид-19

Редакција

Продолжува сослушувањето на загрозениот сведок во „Монструм“

Редакција