еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.

„Вкупно 702 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 примени пациенти и 1 бил примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле бил примен исто така еден нов болен, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.

На Институтот за физикална медицина се примени 6 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 28 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 294 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 141 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти.

На Клиниката за детски болести има 12 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има 2 позитивни пациентки.

На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 65 болни.

Вкупно 702 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 95 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинетиот Нинџа за настаните од „27 април“: Бевме искористени од УБК и ВМРО-ДПМНЕ, никој не ја знаеше режијата сите бевме статисти

Редакција

Можно ли е со тајно гласање да се протнат уставните измени за промена на името?

Редакција

Македонија стана членка на Советот на човекови права на Обединетите нации

Редакција