еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по македонските болници

Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на коронавирусот, кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава, е 1.296 и има колку 175 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 816 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 49 пациенти, во Велес се лекуваат 60 болни, а во Куманово 112 пациенти позитивни и суспектни на Ковиде-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 120, во ковид центарот во Гостивар 75, а во Струга 32 болни.

Во болницата во Струмица лежат 56 пациенти, во Кочани 13, во Кичево 20, Кавадарци 36, а во Гевгелија 15 лица позитивни на корона вирусот“, соопштија од Министерството, додавајќи дека  бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Оттаму потенцираат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

„И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, нагласуваат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците во Скопје

Фото: Министерство за здравство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оставката на Заев се уште е само на „Фејсбук“, се чека да се испрати до Собрание, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Изречени 652 казни за неносење маска

Редакција

Не правиме нов договор со Бугарија, се бараат формулации за преговарачката рамка со ЕУ, тврди Заев

Редакција