еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 во македонските болници

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекува вкупно 331 пациент позитивен и суспектен на корона вирусот, соопшти Министерството за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 14 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациент.

На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 43 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 19 во ковид центарот во Гостивар 18, а во Струга 21 болен.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 23 пациенти, во Кочани 7 во Кичево 8, Кавадарци 24, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 594 и има околу 520 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, информираат од Министерството.

Фото: Министерство за здравство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата даде зелено светло: Лекувањето од Kовид-19 во приватните болници ќе чини до 5.000 евра

Редакција

Обвинителството изврши претрес во ДИК и ја одзеде тендерска документација за софтверот кој беше хакиран

Редакција

Повеќе машки отколку женски лица меѓу новозаболените од корона вирусот

Редакција