еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 во скопските болници

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, соопшти Министерството за здравство.

„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 13 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 5 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле бил примен еден нов болен, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.

На Институтот за физикална медицина е примен еден пациент.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 42 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 235 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 130 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 143 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти.

На Клиниката за детски болести има 7 деца позитивни на Ковид-19 вирусот и 4 мајки, а на ГАК има 5 позитивни пациентки.

На Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 39 болни.

Вкупно 598 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 140 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, информираат од Министерството.

Фото: Министерство за здравство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прекинот на струја не ја попречи работата на Клиничкиот центар и негата на пациентите

Редакција

Филипче: Епидемијата се стабилизира, да празнуваме одговорно и да не ризикуваме уште еден силен бран

Редакција

Македонија привремено ќе прифати 186 граѓани од Авганистан

Редакција