еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со заболени од Ковид-19 по македонските болници

Министерството за здравство информира дека во изминативе 24 часа на Инфективната клиника примени се 10 пациенти заболени од Ковид-19. Вкупно се хоспитализирани 155 пациенти. На кислородна поддршка се 134 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 деца позитивни и 3 суспектни на Ковид-19 и 27 возрасни пациенти позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември” има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 7 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 56 пациенти, на клиниката за неврологија 21 пациент, на кожната клиника 23 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 80, а во болницата во Штип се 60 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 534 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Оздравени 433 пациенти заразени од Ковид-19

Починаа 26 лица од Ковид-19, вкупно 1.212

Нови 1.312 случаи на Ковид-19 од 3.836 тестирања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Захариева: Ако има договор, можеме да ги одобриме преговорите за Македонија и 5 дена пред изборите

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 27 пациенти, а вкупно се лекуваaт 398

Редакција

Заразени со Ковид-19 има во неколку велешки јавни институции, а најмногу во ЈКП „Дервен“

Редакција