еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со заболени со Ковид-19 по македонските болници

Министерството за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти заболени од Ковид-19. Вкупно се хоспитализирани 161 пациенти. На кислородна поддршка се 132 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 деца и 29 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19.

Во ГОБ „8 Септември” има 9 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 54 пациенти, на клиниката за неврологија 20 пациенти, на кожната клиника 18 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 75, а во болницата во Штип се 57 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 508 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Оздравени 691 пациенти кои боледувале од Ковид-19

Македонија урива црни рекорди: Починаа 30 лица од Ковид-19 за еден ден

Нови 947 случаи на Ковид-19 од 3.042 тестирања

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Армијата се повлекува од јужната и северната граница, оти Собранието поради блокадата не ја продолжи кризната состојба

Редакција

Нови рочишта за „Тендери“, „Тортура“, „Т.Н.Т.“, „Тарифа“ и „Траекторија“

Редакција

„ДУИ може да функционира без секого, па и без мене,“ вели Ахмети по нападите на дел од членовите кон Груби

Редакција