еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Армијата се повлекува од јужната и северната граница, оти Собранието поради блокадата не ја продолжи кризната состојба

Имајќи предвид дека кризната состојба прогласена на јужната и северната граница, а поврзана со мигрантската криза, заврши синоќа на полноќ, а Собранието не донесе одлука за нејзино продолжување, престана да постои правниот основ за досегашниот ангажман на Армијата во обезбедувањето на државната граница, информираат од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

“Претседателот Пендаровски му нареди на началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски да постапи согласно со новонастанатата ситуација.

Армијата останува ангажирана на предвидените задачи поврзани со другата прогласена кризна состојба на целата територија на државата поради пандемијата предизвикана од Ковид-19.

Доколку Собранието донесе одлука за продолжување на кризната состојба поврзана со мигрантската криза на јужната и северната државна граница, врховниот командант на вооружените сили повторно ќе и нареди на Армијата да ги извршува досегашните задачи“, велат од Кабинетот на претседателот.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев по средбата со Мицотакис: Преспанскиот договор ќе се спроведува со предвидената динамика

Редакција

Продолжува судењето за „Талир“ за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Здравствените власти ќе постапуваат по укажувањето на Пановски дека антибиотиците се употребуваат неконтролирано

Редакција