еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со заразени од Ковид-19 по македонските болници

Министерството за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.

Вкупно се хоспитализирани 67 пациенти. На кислородна поддршка се 31 пациент, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 5 деца позитивни, две мајки и две деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември” примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 65 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 93 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Оздравени 75 пациенти коишто боледуваа од Ковид-19

Починаа уште шест лица од Ковид-19, вкупно 563

Нови 159 случаи на заразени од Ковид-19, најмногу во Скопје, Куманово и Гостивар

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата по болниците во кои се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција

На респиратор двајца пациенти со Ковид-19: Како изгледа состојбата по болниците

Редакција

Холивуд да го режира ова не може така да го направи, смета Рашковски за прибирањето на доказите против него

Редакција