Согласно Одлуката на Одборот на директори на Македонската берза од 19.06.2019 година за постапување по Решението на Комисијата за хартии од беа извршени измени и дополнувања на правилата за тргување на Македонска берза кои ќе се применуваат почнувајќи од 28.06.2019 година (петок), информираат од берзата.
„Измените се однесуваат на одредбите од Правилата во однос на: начинот на реализација на налогот по најповолна цена; воведување на нов вид на ознака при тргување на друштвата за управување со инвестициски фондови кои управуваат со портфолио на индивидуален клиент; измена во одредбите за отстранување и повторно воспоставување на ценовните ограничувања (статички лимити); измени во делот на дозволените отстапувања на цената на пријавената администраторска блок трансакција; измена на минималниот износ на вредност на системска блок трансакција“, соопшти берзата.
Пречистениот текст на Правилата за тргување ТУКА.