еМагазин
Image default
Бизнис

Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје го именуваше Гоце Вангеловски за нов член на Управниот одбор на Банката

Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје со одлука на 116-тата седница одржана денеска, 31.03.2023 година, го именуваше Гоце Вангеловски за нов член на Управниот одбор на Банката, информираат од Банката.

Вангеловски, кој моментално ја извршува функцијата помошник на Управниот одбор, функцијата ќе ја преземе откако ќе ја добие лиценцата од Народната банка.

-Вангеловски се приклучи на НЛБ Банка Скопје во април 2022 година. Неговото академско образование е економија во областа на финансиски менаџмент и сметководство. Има 22 години успешно професионално работно искуство, од кои 17 години на високи раководни позиции во банкарскиот и осигурителниот сектор, како и во прехранбената индустрија, велат од таму.

Како член на Управниот одбор, Вангеловски ќе раководи со повеќе сектори и служби во Банката. Со неговото назначување, Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје од досегашните три ќе се прошири на четири члена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст на прометот и трансакциите на Македонската берза во јануари

Редакција

Реплек со добивка во првите три месеци

Редакција

Вакцинирани или не, Грција за влез воведува задолжителен негативен ПЦР-тест

Редакција