еМагазин
Image default
Бизнис

Реплек со добивка во првите три месеци

Консолидираната оперативна добивка за периодот од 1 јануари 2021 година до 31 март 2022 година на Реплек АД Скопје изнесува 58.983.793 денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

“Оперативните приходи изнесуваат 367.138.773 денари и се зголемени за 1%, а оперативните расходи изнесуваат 291.605.605 денари и бележат зголемување од 0,2% во однос на истиот период претходната година.

Консолидираните приходи од продажба се зголемени за 2% во однос на истиот период минатата година, односно приходите од продажба на странски пазар се зголемени за 1,6%, а приходите од продажба на домашен пазар се зголемени за 3,2%, со следната структура.

Приходите од продажба на сегмент фармација се зголемени за 5,6% во однос на истиот период минатата година, приходите од продажба на трговија на разни стоки и угостителски услуги бележат пад во однос на минатата година, приходите од продажба на странски пазар имаат учество од 71% во вкупните приходи од продажба (2021: 71%).

Консолидираната добивка пред оданочување изнесува 57.912.101 денари и бележи намалување од 29% во однос на истиот период минатата година, поради намалување на приходите од продажба кај трговијата на разни стоки и угостителски услуги (Реплек Маркет првиот квартал го заврши со загуба), додека кај консолидираните оперативни расходи се забележува зголемен трошок за електрична енергија, амортизација, трошок за вработени и зголемени цени на суровините и амбалажата.

Реплек АД Скопје во периодот од 1 јануари 2021 година до 31 март 2022 година оствари неконсолидирана добивка пред оданочување во износ од 82.402.942 денари и бележи зголемување од 7% во однос на истиот период минатата година.

Остварената добивка пред оданочување во најголем дел произлегува од евидентираните приходи од вложувања во поврзаните субјекти во износ од 80.315.493 денари што претставува дел од остварениот резултат на поврзаните субјекти во 2021 година (претходната година е извршена распределба на дивиденди од поврзаните субјекти на износ од 76.000.000 денари од остварениот резултат во 2020 година)“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никола Туџаров продаде акции во Реплек

(Фото) „Реплек АД“ отвори нов погон – инвестиција вредна три милиони евра во зголемување на производството и модернизација

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Менаџирајте успешно со вашите обврски

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на општина Липково за набавка на масло за греење вреден 7,9 милиони денари

Редакција

„Адора Инженеринг“ сака да ги продаде топланите „Исток“ и „Запад“ по иста цена по којашто ги купила

Редакција