еМагазин
Image default
Бизнис

Гранит со добивка во првите три месеци

Во периодот јануари – март 2022 година, Гранит АД Скопје оствари позитивен резултат (добивка) во износ од 5,918 илјади денари, додека вкупната сеопфатна добивка изнесува 125,303 илјади денари, и е поголема од добивката пред се поради останатата сеопфатна добивка во износ од 119,385 илјади денари, која произлегува како резултат на евидентирана нереализирана добивка од зголемување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во првиот квартал на 2022 година, информираат од компанијата преку Македонската берза.

„Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – март 2022 година изнесуваат 778,849 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2021 година бележат зголемување за 15%.

Приходите од продажба за периодот јануари – март 2022 година изнесуваат 727,489 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2021 година бележат зголемување за 12%.

Финансиските приходи за периодот јануари – март 2022 година изнесуваат 1,497 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2021 година бележат намaлување за 39%.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – март 2022 година се во износ од  772,932 илјади денари, споредено со истиот период 2021 година бележат зголемување за 15%.

Во рамките на оперативните расходи, трошоците за материјали и суровини бележат зголемување за 32% во однос на минатата година, пред се како резултат на зголемување на пазарните цени на одредени клучни материјали за изградба, како и недостигот и доцнењата во нивна испорака.

Трошоците за вработени се на исто ниво како и минатата година, додека останатите трошоци од работењето се намалени за 34%.

Трошоците за услуги се зголемени во однос на претходната година за 23%, како резултат на зголемениот износ на трошоци за подизведувачи кои директно зависи од обемот на извршени работи, но и поради зголемените цени“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гранит ќе дели дивиденда во бруто износ од 36 денари

Како работеа лани фирмите во сопственост на Групацијата Гранит

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓаните ќе имаат парно до крајот на сезоната, струја ќе добиваат од домашните капацитети, уверува Бектеши

Редакција

„Современ дом“ ја зголеми добивката

Редакција

Штетата по Буџетот 7,5 милиони евра: Во акцијата во Љуботен запленети 12 тони нелегално увезен режан тутун

Редакција