еМагазин
Image default
Бизнис

Македонијатурист со загуба во првите три месеци

Македонијатурист АД Скопје во првите трите месеци од 2022 година од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност, како и од други споредни дејности оствари негативен финансиски резултат, односно загуба од 5,13 милиони денари, соопштија од компанијата преку Македонската берза.

„Вкупните приходи за трите месеци од 2022 година изнесуваат 41,80 милиони денари и се зголемени за 156%, додека пак приходите од продажба на Друштвото се зголемени за 264% во однос на истиот период минатата 2021 година.

Вкупните трошоци и расходи од работењето за трите месеци од 2022 година изнесуваат 46,94 милиони денари и се зголемени за 43% во однос на 2021 година.

Негативниот финасиски резултат од работењето кој што го оствари Друштвото во првите три месеци од 2022 година се уште може да се каже дека е директна последица на глобалната пандемија на вирусот Ковид-19, која што беше прогласена во почетокот на 2020 година, како и на енормно зголемената цена на електричната енергија и останатите енергенси.

И покрај остварениот негативен финансиски резултат во привите три месеци од годината, финансиски показатели како што се степенот на финансиска сигурност, степенот на самофинансирање и општата ликвидност на Друштвото се на доста високо ниво.

Друштвото во борбата против негативните последици од глобалната пандемија на вирусот Ковид-19, главниот акцент на своите активности го стави на инвестициските активности од кои најзначајна е инвестициската активност за целосно реновирање на хотелот Холидеј Ин.

Со Одлука на Управниот одбор од 04.03.2022 целосно реновираниот хотелот Холидеј Ин започна со работа“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се најголемите акционери во „Македонијатурист“: Колку акции поседуваат Таневски, Беличанец, Копров…

Македонијатурист со добивка во првите девет месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пекабеско во првите шест месеци со добивка од 57,1 милиони денари

Редакција

На менаџментот на Витаминка лани исплатени надоместоци од 15,6 милиони денари

Редакција

(Видео) Возилата на „Брако“ „Green Machines“ на саемот „Денови на електро мобили“

Редакција