еМагазин
Image default
Техно

Важноста на дигитализацијата во современиот свет, особено во банкарството и осигурувањето

Светот станува глобално село, како што пред седумдесетина години, најави канадскиот медиумски теоретичар Маршал Меклаун. Само седум децении подоцна, целиот свет е меѓусебно поврзан како резултат на ширењето на (медиумските) технологии.

Некои истражувања велат дека „иднината е во дигитализацијата и дигиталните вештини“. Ние велиме дека не само иднината, туку и сегашноста е во дигитализацијата и познавањето на дигиталните вештини.

Секоја земја што има цел да биде главен играч на глобалната сцена или да создаде глобална економија, се фокусира на дигитализацијата. Истото се однесува и на секоја компанија, која сака да биде квалитетна компанија и да нуди квалитетни услуги, мора и треба да се посвети на дигитализирање на процесите и услугите во работењето. На микро ниво, секако, ова го тангира и поединецот кој ги „живее“ производите и услугите во дигиталната ера.

Едноставно кажано, се повеќе се посветува внимание на концептот за дигитален квалитет на живот на граѓаните од аспект на достапност до интернет, колку услуги граѓаните и компаниите може да добијат преку интернет, колку државата создава свој дигитален печат на светската мапа за дигитален квалитет на живеење. Овој индекс на дигитален квалитет на животот ги мери квалитетот и достапноста на интернетот, безбедноста, државните електронски услуги и електронската инфраструктура.

Пандемијата Ковид-19 само ја „бустираше“ интернет дигитализацијата и направи целосно преструктурирање на животните навики на луѓето и на работењето на компаниите и државите. Дури во оваа фаза сите сфатија дека без онлајн комуникација, без интернет кореспонденција, без одржување меѓусебни институционални и приватни дигитални канали, општествениот живот е невозможен.

Ваквата иднина, пред петнаесетина години, ја предвиде и компанијата Софтелигенце, која минатата година основаше канцеларија и во Северна Македонија.

Уште тогаш, сопственикот на компанијата Адриан Блидарус поставува визија „да се создаде вредност и да се забрза растот преку дигитална трансформација преку деловна визија, тимска работа и технологија. Нестрпливи да споделуваме исто толку страсно колку што сакаме да учиме, се што правиме е фокусирано на градење знаење и постојано подобрување во она што го работиме“.

Софтелигенце им овозможува на организациите во Финансиските услуги да го забрзаат растот со следната генерација на InsurTech преку автоматизација, вештачка интелигенција и машинско учење. Нивните клиенти ги ценат поради способноста да дизајнираат и имплементираат иновативни дигитални стратегии и решенија, приспособени да го унапредат нивниот успех во Осигурителната и Банкарската индустрија ширум светот.

Портфолиото на компанијата изобилува со дигитални проекти кои покриваат текови на понуди и врзување без хартија, автоматизација на процесот на побарувања преку вештачка интелигенција, откривање измами со помош на машини и алгоритми преку лични и комерцијални линии, дигитално кредитирање и други банкарски текови. Всушност, Софтелигенце е партнер на многу осигурителни компании и банки во Европа.

Освен приватниот сектор и државите треба да вложат енергија и финансии во подобрување на интернет инфраструктурата и во дигитализација на процесите. Да се подобрат некои сервиси на граѓаните, како што се електронска нарачка на документи, електронско плаќање на сметки, интернет купување, обезбедување полиси за осигурување.

За граѓаните да ги добиваат овие услуги, секако, мора и да бидат осигурани, обезбедени од приватни компании, кои благодарение на Софтелигенце, имаат одлични софтверски решенија. Експертите од компанијата создаваат креативни решенија за исполнување на безбедносните протоколи во светот на дигитализацијата и овозможување на дигитална благосостојба.

И на крајот, процесот на дигитализација е важен за модерниот свет затоа што обединува, да дава можности и да поддржи силна локална економија. Системот на е-влада, всушност, треба во многу да го олесни животот на граѓаните, да ја постави патеката на успех и развој на компаниите и да ја позиционира државата на дигиталната мапа на успешни земји. Во оваа смисла, Софтелигенце е компанија која ја поддржува ваквата иднина преку создавање софтверски решенија кои го олеснуваат и дигитализираат животот на граѓаните.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

А1 Македонија го реализираше првиот повик на 5G технологија

Редакција

A1 Македонија петта година по ред со едукација на децата за безбедно користење на интернет

Редакција

Македонски иноватори во Израел презентираа проекти за еврејското наследство

Редакција