На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 17 пациенти, информира Министерството за здравство.
Вкупно се хоспитализирани 137 пациенти. На кислородна поддршка се 97 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 8 позитивни мајки, 3 деца и 1 мајка суспектни на Ковид-19.
Во ГОБ „8 Септември” има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор е 1 пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 57, а во болницата во Штип се 54 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 281 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија урива црни рекорди: За еден ден 22 починати од Ковид-19
Нови 561 случаи на Ковид-19 од 1.901 тестирање
Фото: МЗ