еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Дијабетичарите бараат непречено функционирање на Центрите за дијабетес во услови на Ковид-19 пандемија

Сојуз на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија, потсетуваат дека како пациенти со дијабетес имаат потреба од редовни прегледи и контроли.

-Согласно моменталната Ковид-19 ситуација свесни сме дека одреден број на пациенти не се во состојба за преглед со физичко присуство и за таа група на пациенти ја поздравуваме можноста за издавање на електронски рецепт, како што впрочем се одвива непречено процесот тековно.

На ваков начин се обезбедува континуитет во достапноста на потребната терапија, што е мандаторно за нашата добра здравтсвена состојба. Но, да не заборавиме дека меѓу нас има и пациенти кои се со влошени резултати и кои имаат потреба од редовни посети во центрите за дијабетес, се вели во нивното соопштение.

Тие потсетуваат дека имаат потреба од непречено функционирање на сите центри за дијабетес и бараат од Министерството за здравство да создаде можност сите лекари/интернисти како и едуцираните дијабетолошки сестри да имаат редовни закажани термини во центрите за дијабетес.

-Она што е наш прифатлим минимум, за квалитетна дијабетолошка грижа, во оние градови каде имаме неповолна епидемиолошка слика со Ковид-19, е Центрите за дијабетес да функционираат нормално (тим интернист/сестра) минимум три дена од пет работни денови со термини за редовни прегледи.

Во сите останати денови од работната недела имаме потреба дијабетолошките сетри да бидат на своето работно место во центрите за дијабетес. Во оние градови каде што не постои влошување на ситуацијата со Ковид-19 очекуваме центрите за диајбетес да функционираат непречено во тек на цела работна недела, се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неготинскиот градоначалник Тони Делков позитивен на Ковид-19

Редакција

Не е донесена одлука да нема погреби на одредени верски празници, велат од Скопската православна епархија

Редакција

Со магнетна резонанца до брзо откривање на карцином на простата

Редакција