еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска променливо облачно време, со магла по котлините

Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност.

Во западните делови во претпладневните часови ќе има услови за појава на краткотраен дожд, а во источните ќе преовладува посончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Утре во западните делови претежно претпладне ќа има појава на дожд, а потоа следува период во кој ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла по котлините. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер, а утринските температури во поголемиот дел од населените места ќе бидат околу нулата и повисоки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од задутре намалување на дневната температура за десетина степени

Редакција

НЛБ Банка и Кроација осигурување-Живот го заокружија месецот на финансиско советување

Редакција

(Видео) Уште двајца пациенти со корона вирусот заминуваат дома по успешниот третман со хемофилтрацијa во клиниката Жан Митрев

Редакција