еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Османи: Венецијанската комисија ја споменав само во делот на ретроактивното важење на законот, а не за имињата на новите клубови

Венецијанската комисија ја споменав само во делот на ретроактивното важење на законот, а не за одредбите за новите клубови кои можат да се отвораат со проблематични имиња, соопшти на денешната средба со медиумите министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Одговарајќи на новинарско прашање за одлуката да се испратат измените на Законот за здруженија и фондации до Венецијанската комисија, Османи потсети дека реагирал пред да се донесе Законот за здруженија и фондации во делот на ретроактивноста.

-Немам никави забелешки по однос на другите одредби од законот. Ретроактивното важење на законот за мене е проблематично. Република Бугарија почнува една сериозна кампања во меѓународните институции по однос на ова прашање, посебно во Советот на Европа.

Нам ќе ни требаат сите аргументи да докажеме дека тоа не е така, бидејќи ако по нешто сме препознаени во светот тоа е по односот кон заедниците и односот кон граѓанските права. И затоа сметав за да не дадеме никаков аргумент на некој, дека ќе предложам до Влада да го пратиме до Венецијанската комисија.

Доколку Венецијанската комисија каже дека се е во ред со законот, тогаш навистина нема никој веќе аргумент да спори против овој закон, рече Османи. Посочи дека Венецијанската комисија ја споменал само во делот на ретроактивното важење на законот, а не за одредбите за новите клубови кои, како што рече, можат да се отвораат со проблематични имиња.

Посочувајќи дека ја слушнал изјавата на министерот за правда Никола Тупанчески кој рече дека се носи нов закон за здруженија и оти тој може да се прати во Венецијанската комисија, нагласи дека тоа е добро решение.

Според него, добро е да се добие едно мислење на Венецијанската комисија, дали на постојниот Закон за здруженија и фондации или на новиот, кој се надева дека ќе се донесе брзо.

-Не смееме да дадеме никому аргумент ако сметаме дека некои елементи може да се спорни, порача Османи.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Бетонски столб пред црквата во Кочани го „спречил„ 18-годишниот крадец да побегне со возилото на Итната помош

Редакција

Тројца вработени од МВР позитивни на коронавирусот

Редакција

(Видео) Пратеникот Влатко Ѓорчев на терен помагаше по земјотресите во Албанија

Редакција