еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Скопје го одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето

Со положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје и на Партизанските гробишта во Бутел, на гробот на генерал Михајло Апостолски, како и со културни и спортски манифестации, денеска ќе се одбележи 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.

Собраниска делегација, предводена од потпретседателот Горан Мисовски и од пратениците Даниела Марковска и Тони Јаревски и владина делегација во чиј состав се министите за правда НиколаТупанчески, и за локална самоуправа Ристо Пенов и заменик-министер за транспорт и врски Беким Реџепи, ќе положат цвеќе на Градските гробишта „Бутел“ и на споменикот Ослободители на Скопје, на платото пред Владата.

Детскиот културен центар „Карпош“ и година традиционално ја организира манифестацијата „Го градам мојот град 2022“, на која учествуваат децата од предучилишните установи.

Оваа манифестација има за цел да ги истакне детските творечки способности и креативност и да ги запознае децата колку големо значење има празникот 13 Ноември за Град Скопје.

По повод празникот 13 Ноември е најавена улична трка поради што од 16:30 до 19 часот поголем дел од линиите од јавниот превоз ќе имаат изменет режим на сообраќање од вообичаениот. Трасите на движење се објавени на веб-страницата на ЈСП „Скопје“ и на нивниот Фејсбук.

На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација.

По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“, која беше распоредена пред Качаничката Клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија ќе се задолжи со 500 милиони евра кај Унгарската експорт-импорт банка, Собранието го изгласа Законот

Редакција

(Фото) Училиште во Турција ќе го носи името „Македонија“, а училниците ќе бидат именувани по македонски градови

Редакција

Мајката на Пино Секондо за неговото убиство: „Детето ми го убиле и го сокриле за животни да ми го распарчат“

Редакција