еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Радев: Провокација и варварски чин е палењето на Културниот центар „Иван Михајлов“

Уште една провокација, варварски чин и дел од долгогодишната антибугарска кампања во  С.Македонија, вака претседателот на Бугарија Румен Радев го квалификува палењето на влезот на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола.

Радев порачува дека „институциите во С.Македонија мора да ја сфатат својата одговорност кон помладите генерации и да не дозволат омразата да владее со јавниот простор“, пренесува БГНЕС.

„Сакаме да веруваме“, нагласува Радев во ставот што го соопшти прес-службата на шефот на државата, „дека повиците што денеска ги слушаме од официјалните институции во С.Македонија – решително да се бараат сторителите на овој варварски чин, ќе се реализираат на дело“.

-Палењето на културниот центар на Бугарите во Битола е уште една провокација, дел од долгогодишната антибугарска кампања во Северна Македонија. Толерирано повеќе или помалку од официјалните власти, со години наоѓаше израз во уривањето споменици, спомен-плочи, сквернавењето на воените гробишта поврзани со Бугарите и нашата заедничка историја.

Преку навреда и искривување на историските вистинити текстови за Бугарија и Бугарите во учебници, книги, филмови, натписи во музеи и јавни места, таа ги труе и продолжува да ги труе умовите на многу генерации и да го попречува развојот на добрососедските односи меѓу двете земји, се наведува во ставот на Румен Радев.

Според Радев, „не случајно Бугарија ги поставува најважните услови за нашиот договор за почеток на преговорите за членство во ЕУ, вклучување на граѓаните со бугарски идентитет во уставот на земјата како нација која ја гради државата и дава сигурни и неповратни гаранции за надминување на говорот на омраза. За жал, и денес владејачката партија и опозицијата во С.Македонија не можат да постигнат парламентарно мнозинство за да ги исполни овие темелни критериуми на демократијата“.

– Истовремено, треба да забележиме дека досега не знаеме ниту еден сторител на многубројните слични криминални дејствија врз Бугарите во Македонија. Денес, додека работиме напорно за да ги надминеме тешкотиите и нерешените прашања и да го следиме нашиот заеднички пат до обединета Европа, институциите во С.Македонија мора да ја сфатат својата одговорност кон помладите генерации и да не дозволат омразата да владее со јавниот простор, ниту да ги осакати и ограничува нашите билатерални односи, е ставот на Радев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палењето на клубот во Битола нема да ги наруши односите меѓу двете земји, рече Генчовска

„Ова кривично дело не случајно е извршено на денешен ден“, се вели во осудата на МНР за палењето на влезот на здружението „Иван Михајлов“ во Битола

МИА/Фото: Фејсбук/Радев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Протест на ВМРО-ДПМНЕ за поддршка „на членството во ЕУ, за Македонија и за Гоце Делчев“

Редакција

Починаа тројца заболени од Ковид-19, вкупната бројка на починати надмина 600

Редакција

Бугари организираат собир за поддршка на Македонија пред Француската амбасада во Софија

Редакција