еМагазин
Image default
Македонија

Протест на ВМРО-ДПМНЕ за поддршка „на членството во ЕУ, за Македонија и за Гоце Делчев“

Опозициската ВМРО – ДПМНЕ денеска ќе организира протестен собир, како што најави, за поддршка на членството во ЕУ, за Македонија и за Гоце Делчев. Најавено е дека протестот ќе почне вечер во 18.30 часот од пред Министерството за правда, ќе продолжи преку мостот „Гоце Делчев“ се до зградата на Министерството за надворешни работи.

„Ова е мирен народен протест на кој ќе испратиме јасни пораки. Време е за гласот на тивкото мнозинство. Повикуваме сите да ни се приклучат во протестот кој треба да биде нашиот глас за она што не обележува како држава, стратешки интерес и бедем на нашето постоење“, потенцираат од ВМРО – ДПМНЕ.

На однапред видно обележано место пред Министерството за правда, најавено е дека ќе се делат пораки и транспаренти кои ќе бидат дел од протестот.

„Гоце Делчев е еден од најсветлите ликови врз чии постулати почива современата македонска држава. Тој е дел од нашиот идентитет и црвена линија за нашето достоинство. Токму за него и за историски факти далеку од очите на јавноста преговара владата на Заев со нашиот источен сосед.

Трговијата со неговото име и постоење значи трговија со нашето постоење и она што сме и ќе продолжиме да бидеме, тоа е Македонци. Во меѓувреме нема никакво поместување на патот кон Европската Унија. Европската Унија останува уште едно неостварено ветување на Зоран Заев и неговата власт. Не чувме идеја, ниту план“, соопштија од ВМРО – ДПМНЕ.

Се работи, наведуваат, за мошне чувствителен период и тоа време кога и им треба нашата поддршка на нашите историчари кои се дел од тимовите за преговори за да ја бранат вистината за Гоце и да не потклекнуваат на трговии и политички притисоци.

Опозициската партија најави повеќе тематски протести. Претходно организираше два протеста против поскапувањето на струјата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов раст: 126 случаи на заболување меѓу здравствени работници

Редакција

Милков бара и Бугарија да се вклучи во процесот за уставните измени

Редакција

Холандскиот амбасадор не гледа политичка волја за промена во Македонија и праша каде отишле парите на европските даночни обврзници

Редакција