еМагазин
Image default
Македонија

Горан Мисовски избран за нов претседател на НСДП

Горан Мисовски е избран за нов претседател на НСДП на 5. партиски Конгрес што се оддржа во Скопје.

Како што соопшти НСДП на својот официјален Фејсбук профил, од присутните 426 делегати, правото на глас го оствариле 314 од кои 308 гласале „за“, тројца „против“, а три ливчиња биле неважечки.

Претходно, Кристијан Трајковски ја повлече својата кандидатура за претседател на НСДП, не сакајќи да учествува во натамошната работа на овој, како што го нарече, нелегитимен конгрес.

-Овој Конгрес е фалсификуван и секоја одлука што ќе биде донесенa од овој состав на делегати е нелегитимна, соопшти Трајковски.

Досегашен претседател беше Тито Петковски, кој е и основач на партијата.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Редакција

(Фото) Со доцнење поради Боки 13, почна судењето за „Рекет“

Редакција

(Видео) Со канти за ѓубре нападнати бугарски навивачи во скопски Чаир

Редакција