еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарското МНР му врачи протестна нота на македонскиот в.д. амбасадор во Софија

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија му врачи протестна нота на македонскиот в.д. амбасадор во Софија, Владимир Крстевски по повод палењето на влезот на Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на вонреден состанок, заменик-министерот за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова изрази загриженост до в.д. амбасадорот на Македонија Крстевски и најостро го осуди чинот извршен од непознати лица, поради што е нанесена материјална штета на објектот.

Беше истакнато дека ваквите вандалски акти не само што се израз на национална омраза и нетолеранција кон активностите на невладините организации како важен дел од граѓанското општество, туку се и во сериозен судир со демократските вредности и принципи на современиот цивилизиран европско општество.

-Знак за демонстративното и неиспровоцирано криминално дело на сторителите на подметнувањето пожар е и тоа што пред само неколку недели на отворањето на осквернавената зграда на Центарот за култура присуствуваа официјални лица од Бугарија, се наведува во протестната нота.

Софија е убедена дека „срамниот настан во Битола не придонесува за развој на пријателството, добрососедството и соработката и е во спротивност со напорите на владите на двете земји да го најдат вистинскиот пат за европска интеграција на С.Македонија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ова кривично дело не случајно е извршено на денешен ден“, се вели во осудата на МНР за палењето на влезот на здружението „Иван Михајлов“ во Битола

МИА/Фото: бугарско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во исчекување на амнестија денес судски рочишта за „27 април“, „Т.Н.Т“, „Тарифа“, „Титаник 3“

Редакција

Изолациски центри за сомнителни случаи од корона вирус ќе има и во Велес и Гостивар, ќе ги обезбедува полиција

Редакција

Новите ковид-мерки ги испразнија трговските центри: Прометот во Сити мол намален за 40 проценти

Редакција