еМагазин
Македонија

ДИК: Досега пристигнати седум приговори од партијата ТМРО

Заклучно со 10 часот денеска, до Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени седум приговори од политичка партија ТМРО.

Како што информира ДИК, приговорите се однесуваат на постапката за сумирање и утврдување на резултатите во избирачките места 1156, 1178, 1157, 1182, 1183, 1176 и 1181 во Општина Старо Нагоричане.

Рокот за поднесување приговори за вториот изборен круг од локалните избори, што се одржа завчера, истекува утре во 14 часот, информираше претседателот на ДИК, Александар Даштевски, на вчерашната прес-конференција на која беа објавени првичните официјални резултати од изборите.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите вакцини од Бугарија ќе ги аплицираме пред истекување на рокот на употреба, велат од Министерството за здравство

Редакција

Европската комисија повикува на конструктивен дијалог во македонското Собрание

Редакција

Голем раст: 219 нови случаи на Ковид-19 од 4.713 тестирања, во Скопје и Тетово по 65

Редакција