еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Димитров од Атина: Сега е време Европа да го исполни ветувањето за Македонија

Сега е време, Европа да го исполни ветувањето од март за почеток на европскиот процес за Северна Македонија и Албанија, порача вицепремиерот Никола Димитров од Делфи економскиот форум во Атина, говорејќи на панел дискусија заедно со неговиот кипарски колега Никос Христодулидис и алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милитиадис Варвициотис, јави дописничката на МИА од Атина.

Вицепремиерот за европски прашања, објасни дека при секоја негова посета на Атина, учи по еден грчки збор, а по зборовите „пријателство“, „договор“, „спокој“, „визија“, денеска, на дебатата за почеток на европскиот процес, спомена нов збор – „сега“, паралелно упатувајќи порака дека време е за исполнување на ветувањата.

„Мислам дека ние сме една од највпечатливите саги, кога станува збор за европската интеграција. Бебе родено во Скопје ќе имаше 20 години, ако беше родено на денот кога ја потпишавме Спогодбата за асоцијација и стабилизација со Европската Унија.

Изгубивме генерации и многу години, ги тргнавме блокадите, Комисијата континуирано вели дека сме подготвени да ги почнеме пристапните разговори, а еден начин како да му помогнеме на нашиот случај, јас патував во многу европски главни градови, е да објасниме зошто ова е во интерес и на земјите-членки и на институциите во Брисел, порача вицепремиерот.

Димитров истакна дека влогот на Унијата треба да биде јасен дека „нашиот успех ќе биде успех за сите, за ЕУ, ќе биде успех за регионот за Западен Балкан и ќе биде успех за сите наши соседи, за Грција, а исто така и за Бугарија“.

-Мислам дека она што се случува со нас дали Европа ќе го одржи ветувањето, ќе биде порака за останатите во регионот, истакна Димитров.

Објасни дека Северна Македонија е дел од регион што географски е европски и сме опкружени со земји членки на Европската Унија, се граничиме со ЕУ, а „економски ја делиме европската судбина“.

На панел дискусијата, шефот на кипарската дипломатија, Никос Христодулидис и алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис изразија силна поддршка за Северна Македонија за почеток на преговори со ЕУ.

Варвициотис потенцираше дека тие се против одвојување на Северна Македонија и Албанија , а ЕУ треба да ги исполни ветувањата, додека пак Христодулидис изрази надеж дека наскоро ќе има добри вести за нашата земја.

Панел дискусијата беше на тема „Дипломатијата на малите држави во комплексниот поредок“, а Димитров истакна дека е особено важно регионалното опкружување, но и дека „колку повеќе пријатели имаш толку стануваш посилен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција не прифаќа одвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Спектакл за Гинис: Кинези истовремено полетаа 3.051 дронови

Редакција

(Фото) Луксузен превоз со приватни авиони, јахти и хеликоптери на македонскиот пазар

Редакција

Десетина коњи и мазги заклани во скопската Зоолошка, директорот разрешен

Редакција