еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Димитровски од Демократски сојуз поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски, кој е од редовите на Демократскиот сојуз (ДС), денеска поднесе оставка од функцијата, потврди за МИА претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов.

Повлекувањето од функцијата следува откако Демократскиот сојуз вчера ја напушти владината коалиција.

Премиерот Димитар Ковачевски претходно изјави дека очекува функционерите на ДС да поднесат оставки, оценувајќи дека одлуката на Демократскиот сојуз не претставува никакво нарушување на стабилноста на владиното мнозинство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски очекува функционерите на Демократски сојуз да си поднесат оставка, одлуката на партијата немало да го разниша мнозинството

(Видео) И Демократски сојуз на Трајанов ја напушта Владата

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хелсиншки комитет: Проблемот е во возрасните полни со предрасуди, а не во малата Ембла

Редакција

МВР склучи договор со ЕСМ Продажба вреден 19,1 милиони евра

Редакција

Линдон Бериша: Тој беше горд на Ерзана, сега сестра му е горда на него

Силвана Жежова