еМагазин
Image default
Македонија

Директорот на АНБ, Димовски в петок ќе објаснува пред собраниската Комисија за државјанството на Онишченко

Претседателот на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање, Љупчо Пренџов за МИА изјави дека утре ќе се одржи седница за улогата на Агенцијата за национална безбедност во безбедносната проверка на лицето Александр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство, но дека во петок директорот на АНБ, Виктор Димовски ќе реферира пред комисијата.

Пренџов кажа дека утре ќе ја отвори седницата и по усвојувањето на дневниот ред ќе биде поделен материјал, но оти расправата ќе биде во петок. Пратеникот рече дека очекува пратениците од владејачкото мнозинство да присуствуваат на седницата утре и на продолжението в петок.

Претходно вчера во изјава за медиумите Пренџов кажа дека Димовски е најповикан да одговори за издавањето пасош на украинскиот државјанин кој е баран во неговата земја и е на црната американска листа.

-Тој е најповикан да одговори. Лично сум многу загрижен во врска со издавањето на македонски државјанства и на македонски пасоши веќе имам чувство дека секој втор криминалец има во џебот македонски пасош и според мене сметам дека тоа е сериозен предизвик и аномалија во безбедносниот сектор во државата, рече Пренџов.

Украинскиот државјанин Онишченко станал македонски државјанин како спортист во еквистријан по предлог на Коњичката федерација. Одлука за доделување македонско државјанство за него донела Владата по добиено позитивно мислење од сите надлежни институции. 

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Штип запалени возилата на братот и таткото на поранешната пратеничка од СДСМ Маринела Тушева

Редакција

Директорот на БЈБ, Тасевски за насилството во Собранието: Напаѓачите извикуваа дека ќе не убијат и оти ќе биде прогласена воена состојба

Редакција

Полицискиот час не го почитувале 33 лица, приведени 25

Редакција