еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дисциплинска против Русковска, Трајчева и Јосифовска за претресот во Финансиската полиција

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство, донесе Решение со кои се поведува дисциплинска постапка против поранешен основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и против уште две обвинителки од тоа Обвинителство.

Станува збор за обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска.

– Постапувајќи по предлогот на јавниот обвинител на РС Македонија, Комисијата одржа расправа на која го разгледа писмениот извештај од известителот по предлогот за поведување дисциплинска постапка и писмените изјаснувања на јавните обвинителки, по што оцени дека постои основано сомнение дека трите јавни обвинителки сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство, соопшти денеска од Јавното обвинителство.

Против ова решение на Комисијата, се наведува во соопштението, не е дозволена жалба.

Како следна фаза на постапката, Комисијата ќе закаже седница на која ќе бидат повикани подносителот на предлогот за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност и трите јавни обвинителки, кои имаат право да предложат свои докази и непосредно да дадат изјави во врска со поднесениот предлог.​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонскиот пасош на 36. место во светот, без виза со него се патува во 81. држава

Редакција

(Фото) Снежно Маврово

Редакција

(Видео) Како безбедно да го исчистите смартфонот од евентуално присуство на корона вирусот?

Редакција