Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1 ) за 2 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе биде 106,50 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 105 денари за литар.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат. Еуросупер БС-95 и натаму ќе чини 109 ден/лит, Еуросупер БС-98 се продава за 111,50, а Мазутот М-1 НС за 53,305 денари.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.