еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Dj Mats се приклучи во хуманитарната акција „Со срце за Цобе“

По многуте објави и повици за помош и донација за Слободан Попов – Цобе, во хуманитарната акција самоиницијативно се вклучи и добропознатиот хип-хоп Dj Mats.

Тој подготви специјална кутија за донации за Цобе, која што ќе ја носи насекаде на неговите настапи во следниот период.

Идејата е секој од присутните на настапите каде што ќе биде Dj Mats, да донира со срце за Цобе.

На овој начин Dj Mats сака да помогне во спасување на животот на младиот Цобе, а и да ги поттикне сите добронамерни луѓе да се вклучат во хуманитарната мисија, секој на свој начин и со свое делување.

Досега, финансиските средства кои што се потребни за операцијата на Цобе растат од ден на ден. За операцијата се потребни 50.000 евра, а со заеднички сили сите заедно ќе се потрудиме да ги собереме.

Со срце за Цобе сите организирано донираме за да спасиме млад живот на следниве броеви и сметки:

Броеви за донација:
A1 143-463
Телеком 143-103

Сметка за донација:

Донација од Македонија:
Трансакциска сметка 200003505609092
Стопанска Банка АД Скопје

Донација од странство во евра:
Стопанска Банка АД Скопје, 11 Октомври бр. 7, Бранч Скопје
IBAN CODE: MK 07200003505611129EUR
SWIFT CODE: STOBMK2X

Цел на дознака: Донација за Слободан Попов

Линк за донација GoFundMe: gofundme.com.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите „Со срце за Цобе“ – Сега донираме и преку Телеком

„Со срце за Цобе“: Повик за спас на живот, на Цобе му е потребна нашата помош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голем успех на македонскиот стрип во Ваљево Србија

Редакција

ЕВН Македонија продолжува со дигитализација на услугите

Редакција

Пивара Скопје со донација на летниковци во Чаир, Маџир Маало и Куманово

Редакција