еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Голем успех на македонскиот стрип во Ваљево Србија

На меѓународниот конкурс во рамки на стрип фестивалот во Ваљево, традиционално дел од наградите отидоа кај македонски автори, информираат од Стрип центар Македонија од Велес.

Жирито во состав Зоран Стефановиќ, управител на Центарот за уметност на стрипот, Дејан Богојевиќ, мултимедијален уметник, и Ана Новаковиќ, историчарка на уметност, едногласно одлучија , во конкуренција на стотина автори од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Уругвај и Канада, првата награда за стрипот „Приказна за безбојното мече“ да им припадне на Александар Стеванов и Катерина Николовска-Тери, обајцата по потекло од Штип.

За истиот стрип авторите само неколку месеци претходно го освоија третото место на конкурсот во рамки на Меѓународниот стрип салон во Велес.

Со награда се закити и Ѓорѓи Антевски од Куманово, за стрипот „Катарза“ нему му е врачено признанието за најдобра ликовност.

Признание за најдобар млад автор освојува Ангела Петрушевска од Скопје, за стрипот „Приказна за животот и смртта“.

Специјална пофалница за педагошка дејност е доделена на здружението Стрип центар на Македонија од Велес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

8 Март во „Рамстор Мол“ – Центарот на сите нејзини желби

Редакција

Dj Mats се приклучи во хуманитарната акција „Со срце за Цобе“

Редакција

Голема наградна игра: Премија од 250.000 денари како финале на 25. роденден на Веро

Редакција