еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дојави за бомби во вилата на претседателот, Железничката станица, Управен суд, музеи, трговски центри, хотели…

На електронските адреси на повеќе институции и објекти, меѓу кои и во вилата на претседателот на државата и во Уставниот суд, утрово се пристигнати закани за поставени експлозивни направи.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во тек се антитерористички проверки.

– Денеска (21.2.2023) е пријавено дека преку електронските адреси е упатена закана за поставена експлозивна направа до Музеј на град Скопје, Природонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на ММБ, Спомен-куќа на Мајка Тереза, ГТЦ, Ист гејт мол, ТЦ Бисер, Флатирон, Џевахир, Управен суд, Куќа на претседателот – Вила Водно, хотелот Мериот, хотелот Александар палас, СЦ Борис Трајковски, Железничка станица Скопје и ФФМ.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, наведуваат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 22: Нови 3 лица починаа од коронавирусот

Редакција

Убава вест: 26 оздравени од Ковид-19

Редакција

(ВИДЕО) Најмалку 21 загинати во разорен земјотрес во Турција

Редакција