еМагазин
Image default
Македонија

До средината на јануари сите деца од Домот „11 Октомври“ ќе бидат сместени во мали групни домови

До средината на јануари целосно ќе се трансформира и домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје, во рамки на процесот за деинституционализација. Дел од децата веќе се сместени во два групни дома во Скопје, а до крајот на неделата дел од децата ќе се згрижат во мал групен дом во Штип. Се очекува последната група деца Домот „11 Октомври“ да го напушти до почетокот на второто училишне полугодие, најавуваат од Министерството за труд и социјална политика.

-Пред неполни три месеци целосно беше трансформиран и Домот „25 Мај“ и сите 25 деца сега живеат во пет мали групни домови во Скопје и се вклучено во редовниот образовен процес. Исто така до крајот на минатата година од Специјалниот завод „Демир Капија“ беа извадени сите деца до 18 години и сместени во мали групни домови каде што добија 24 часовен надзор, и индивидуализирани програми и дефектолошки третмани. Со овој процес досега бројот на деца сместени во институции се намали за 60 отсто, се вели во денешното соопштение од Министерството.

Заложбите на МТСП и на Владата се до 2020 година ниту едно дете под 18 години да не остане во институциите и целосно да го промени начинот на којшто државата се грижи за децата и возрасните коишто им е потребна долгорочна социјална грижа. Процесот на деинституционализација МТСП го спроведува во партнерство со УНИЦЕФ, УНДП и Делегацијата на ЕУ во Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Полицајци без маски во Скопје приведоа момче оти шетало куче во полициски час

Редакција

Формирана шпанската Влада, се отвора патот за ратификација на протоколот за влез на Македонија во НАТО

Редакција

На Нефрологија од Ковид-19 заболени 9 лекари, 8 медицински сестри, лаборант, психолог и 3 болничари

Редакција